Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  
По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик при Педагошкиот факултет - Битола распишува КОНКУРС на тема „Учителот“:
1. За литературна творба – песна (за ученици од основното и средното образование и за студенти),
2. За ликовна творба (за ученици од основното и средното образование и за студенти).
Конкурсот е отворен од денот на објавувањето и трае до 30 септември 2021 година.

Почитувани професори и студенти,

Во вторник, на 21-ви септември 2021 година, во амфитеатарот на Педагошкиот факултет во Битола, со почеток во 10 часот, ќе биде прикажан документарниот филм ,,Бесмртноста на Блаже Конески", изработен од страна на студентката Искра Талевска. Овој документарен филм е само една од активностите кои се реализираа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески на Педагошкиот факултет во Битола во соработка со МНД- Битола. Настанот воедно е и одбрана на дипломски труд, па Ве покануваме заедно да го проследиме филмот.

Објавен е КОНКУРС за запишување на кандидати на програма за стекнување на Педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) на Педагошки  факултет- Битола  на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, во  зимски семестар во академската 2021/2022 година

Се известуваат студентите од прв и втор циклус на Педагошкифакултет – Битола дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битолаќе организира седумдневна стручна франкофонска обука на тема„Развивање на тврди и меки вештини кај младите луѓе“, во текотна месеците октомври и ноември 2021 година. Предавачи на обуката ќебидат професори од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола ифранцуски експерт, а обуката ќе биде спроведена онлајн.

Повеќе информации тука

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar