Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

На 08.05.2021 година на Педагошкиот факултет во Битола се одржа студентски отораторски натпревар УКЛО ТРИВИУМ 2021 во организација на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола (УСС УКЛО).

За најдобра ораторка беше избрана студентката Искра Талевска од Педагошкиот факултет –Битола. Второ место освои Димитар Врглески, студент на Правен факултет во Битола, а третото место му припадна на Ѓорѓи Вељаноски, студент на Економски факулет во Прилеп.

Темата оваа година беше „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството". На УКЛО ТРИВИУМ годинава учествуваа вкупно 12 студенти од сите единици на Универзитетот.

Членови на жири комисијата беа: д-р Билјана Граматковски, вонреден професор на Педагошкиотфакултет-Битола, во својство на претседател, Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура- Битола и актерка во Народен театар-Битола, како и м-р Наташа Чавдаровска, дипломиран новинар, маркетинг менаџер и основач на граѓанската организација ФОРУМ 16.

1 1 3 5 

 

Чест ни е да Ве информираме и да Ве поканиме на настан – Литературно читање со наслов „Конески“, во организација на Педагошкиот факултет – Битола и Македонското научно друштво од Битола, што ќе се одржи во среда, 12.5.2021 г., во 12.00 часот, во Амфитеатарот на Педагошки факултет – Битола.

Литературното читање е дел од низата активности што Педагошкиот факултет –Битола и Македонското научно друштво од Битола ги организираат за одбележување на100-годишнината од раѓањето на писателот, лингвистот, преведувачот – академик Блаже Конески.

Read more: Литературно читање "Конески"

Објавен е РАСПОРЕД на испити за ЈУНСКА испитна сесија во академската 2020-2021 година.

На ден 01.04.2021 год., студентите од Педагошкиот Факултет во Битола, во рамките на проектот „Од студентите на УКЛО за Блаже Конески“, одржаа едно прекрасно онлајн интервју со професор д-р Вера Стојчевска Антиќ, по потекло од Битола, жена која била најпрвин студентка, а потоа соработничка на Блаже Конески. Интервјуто течеше токму во тој правец, односно, прво гостинката го објазни значењето и делото на Конески за македонскиот јазик, а потоа зборуваше и за нејзината соработка и пријателство со Конески. Професорката Антиќ истакна многу работи со кои прекрасно го опиша Блаже Конески и како професор и како нејзин соработник. Меѓудругото, таа сподели интересни моменти од нејзиниот престој во САД, каде била поканета да го презентира нивото до кое е стигната македонистиката и славистиката воопшто, во различни градови ширум Америка.

Read more: Интервју со професор д-р Вера Стојчевска Антиќ

Ивана Петровска и Снежана Бојковска студентки на Педагошкиот факултет – Битола, трета година на отсекот Англиски јазик и книжевност напишаа труд за заштита на загрозените за време на пандемијата. British council направи натпревар за студентите од сите држави, натпреварот вклучуваше два предизвици од кој студентите можеа да одберат и да пишуваат. Предизвикот кој нашите студентки го одбраа беше
Предизвик # 1: Како да одговорите и да се опоравите од КОВИД-19 со зајакнување на социјалната правда и заштита на најранливите?
По завршувањето на предизвикот Ивана и Снежана беа одбрани како финалисти каде што ја презентираа својата идеја, нивниот труд ќе биде наскоро објавен, но вие можете да го прочитате тука.

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar