Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  
На 1.6.2021ч. се одржа Тркалезна маса со наслов „Делото на Конески - постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“. Тркалезната маса се одржа онлајн и е една од серијата активности кои Педагошкиот факултет од Битола  ги организира и реализира во соработка со Македонското научно друштво од Битола во знак на чествување на 100-годишнината од раѓањето на нашиот македонски великан, академик Блаже Конески.
Свое пленарно обраќање на Тркалезната маса имаше почесниот гостин, професор д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на тема „Поетиката на Конески на фонот на филологијата и лингвистиката“.
На Тркалезната маса свои излагања имаа околу 20 учесници - професори, членови на МНД- Битола и почитувачи на делото на Блаже Конески, претставувајќи ги различните аспекти од богатото лингвистичко и литературно наследство на Конески.
Тркалезната маса се одвиваше во две паралелни сесии и заврши со богата и плодна дискусија од страна на учесниците.
 

Се известуваат студентите кои треба да заверат 8-ми семестар дека во исто време се пријавува и дипломски проект. Редовните студенти имаат заверка на семестар и пријава на дипломски проект, а вонредните само пријава на дипломскиот проект. Пријавата на дипломски проект се прави со посебен формулар кој се подигнува на Студентски прашања, а се поднесува со уплатница од 3000 денари за пријава на дипломски проект на жиро сметката на факултетот. Краен рок за заверка и поденсување на пријава е 4 јуни.

Останатите студенти заверка на семестар ќе прават во септември.

Со цел да се обезбедат услови за следење на онлајн настава на сите студенти, Факултетското Студентско Собрание на Педагошки Факултет Битола објавува Конкурс за доделување на 5 таблети за оние студенти кои имаат ниски примања, добар успех, а не се во можност да ја следат наставата електронски.
Таблетите ги обезбеди компанијата SN Krediti , кое се јавува како донатор на овој конкурс.
Потребните документи треба да се достават електронски на fsspfb@yahoo.com
Конкурсот трае до 28.05.2021 година.

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar