Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

ОГЛАСНА ТАБЛА

 

eticki kodeks

 

EAB

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ - 1
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ - 2

 

 

research gate

 

akademski calendar

25659591 10155028183042050 9104721731886168260 n

За една детска насмевка - настан во организација на Педагошки факултет Битола. Овој настан покрај првичната и основна цел забавниот карактер, дружењето и претпразнично одбележување на Новогодишните празници имаше за цел и да ја промовира инклузијата и да се истакне заедничката соработка на Педaгошкиот факултет-Битола со институциите кои воспитуваат и образуваат деца и млади.
Пораката која што се испраќа со овој настан е да се признаат, почитуваат и искористат разноликостите помеѓу децата и учесниците, да се признае и искористи искуството на децата и младите, да се покаже дека учењето на децата и младите е практично и ориентирано кон самоучење и дека е од значење за децата и младите, да се зголеми и охрабри нивното учество на јавни настапи како суштински елемент за поддршка на маргинилизираните деца и млади во општеството.

повеќе информации и слики

За една детска насмевка 1 001

25346508 10156500106164068 1806884497 oНа 12. 12. 2017, на ПФБТ гостуваше м-р Весна Коврлија – професор по англиски јазик и книжевност и книжевен преведувач од Кикинда, Војводина, Р. Србија.

М-р Весна Коврлија своето образование го стекна на Филолошки факултет во Белград, Р. Србија, а своето 30-годишно предметно-наставничко искуство во државно средно образование (12 г.) и во државно основно образование (18 г.), од кое и 8 години во изведување инклузивна настава, односно настава по ИОП 1 и 2.

Своето преведувачко искуство, освен со универзитетското образование, го стекна и со бројните преводи на научни трудови, книги поезија и романи.

Во името на ПФБТ, м-р Весна Коврлија срдечно беше пречекана и поздравена од продеканот за настава, проф. д-р Добри Петровски.

Својата посета таа ја искористи за одржување клинички час со студентите од насоката „Англиски јазик и книжевност“ и клинички час со студентите од насоката „Преведување од англиски на македонски јазик и од македонски на англиски јазик“.

По одржаната клиничка настава таа оддржа кусо претставување на искуствата што мнозинството предметни наставници го имаат во инклузивната настава што веќе 9-та година редовно се изведува на територијата на Република Србија, во согласност со Новиот Закон за основите на системот на образование и воспитување усвоен во 2009 г. Претставувањето на искуствата се разви во жива дискусија со студентите посетители на денешната клиничка настава и во размена на мислења, ставови и можни решенија за негативните аспекти во инклузивната настава, но и за усовршување на позитивните.

При разделбата со м-р Весна Коврлија, таа остави еден скромен подарок за насоката „Преведување од англиски на македонски јазик и од македонски на англиски јазик“, односно еден примерок од една од книгите кои таа ги преведе од српски на англиски јазик – My House Is at the End of the Village, од писателот Радован Влаховиќ, како и ветување дека своите искуства од денешното гостување ќе ги сподели со училиштата во Кикинда и со Педагошката Академија во Кикинда. Едно од тие искуства е извонредно високото ниво на познавање на англискиот јазик коешто го покажаа студентите посетители на денешната клиничката настава, односно англистите од IV г. и преведувачите од II г.

Предметните наставници на чии часови м-р Весна Коврлија изведе клиничка настава, доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска и виш лектор и м-р Стела Босилковска, како и студентите посетители на наставата, искрено и срдечно се заблагодаруваат на г-ѓа Коврлија за нејзиносто несебично заложување во текот на својата посета.

Matts lectureНа 01.12.2017 година на Педагошки факулет - Битола, едно-часовно онлајн предавање одржа професорот Мет Мури од Соединетите Американски Држави. На предавањето присутни беа студенти од студиската програма Англиски јазик и книжевност како и студентите од студиската програма Преведување од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик. Предавањето беше на тема  „Предизвиците со кои се соочуваат преведувачите при постигнување преводна еквиваленција на граматичко (морфо-синтаксичко) ниво“. Професорот Мури исто така ги информираше студентите за неговите активности во улога на едукатор и промотор на платформата Belouga во различни земји ширум светот.

Професор д-р Љупчо Кеверески со група на студенти од нашиот факултет зеде учеството на  меѓународна конференција на тема „Современи предизвици во воспитувањето и образованието - Дидактички аспекти“  која се одржа на 14.11.2017 година во Вршац, Р. Србија.

IMG 20171114 111643 20171114 142553

photo 1

На 21.11.2017 во просториите на Педагошки факултет - Битола, свое пригодно предавање одржа господин Здравко Божиновски, научен работник, македонист, лектор, поет и препевач. Повод за неговото предавање беше неговата новообјавена книга со препеви на неколку светски класици меѓу кои и Едгар Алан По со неговата позната балада „Гавранот“.
Предавањето беше посветено на предизвиците на препевачите односно преведувачите, стратегиите што тие ги користат за надминување на тие предизвици, етичкиот пристап, како и моралната одговорност што ја имаат кон авторите чии дели ги препејуваат/преведуваат.
На предавањето беа присутни студенти од студиските програми: Преведување од македонски на англиски и обратно, како и од Англиски јазик и книжевност.

 

Проф. д-р Валентина Гулевска, проф. д-р Татјана Атанасоска и доц. д-р Јасминка Кочоска реализираа студиски престој во Берлин (Р. Германија) во периодот од 12 до 17 ноември 2017 година. Студиската посета беше организирана од страна на Центарот Лоја од Тетово и партнерската организација Курве Вустров од Германија, во рамките на проектот: „Втемелување на мултиетничка работа за млади во универзитетскиот курикулум за идни наставници“. За време на престојот беа посетени Универзитетот „Хумболт“ во Берлин (со библиотеката), Универзитетот „Виадрина“ во Франкфурт на Одра, Високата школа „Алис Саломон“ , Канцеларијата за француско-германско пријателство на млади и Министерството за надворешни работи на Р. Германија.

20171115 1318021 23622404 614829228640734 2993413168572006828 n

Под  мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“ , на 06.10.2017 г. во ОУ „Коле Канински“ - Битола беше отворен инклузивен кабинет. На свеченото отварање присуствуваа деканката проф. д-р Валентина Гулевска, проф. м-р Мери Кавкалеска Стоилкова и проф. д-р Биљана Цветкова Димов. Студентите од Педагошкиот факултет ќе имаат можност да реализираат активности од педагошката практика во овој инклузивен кабинет.

20171006 101926