Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

ОГЛАСНА ТАБЛА

 

eticki kodeks

 

EAB

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ - 1
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ - 2

 

 

research gate

 

akademski calendar

Потребата од организирање на студии за педагошката доквалификација произлегува од брзиот развој на воспитанието и образованието во Р. Македонија во зависност од општествените промени на микро и макро ниво. Преструктурирањето на основното  и средното образование повлекува нужни промени и во организацијата на институциите кои се одговорни за иницијалното и секундарното образование на наставниците. 

 Студиите за педагошката доквалификација  ќе бидат организирани во траење од 1 (еден) семестар според критериумите на европскиот кредит трансфер систем. 

 Со завршување на педагошката доквалификација, студентот се стекнува со 30 ЕКТС кредити.

Финансирањето се врши по принцип на самофинансирање. Ценовникот за висината на надоместоците што ги плаќа студентот за образовни и административни услуги на високообразовната установа, се определува врз основа на заеднички договор помеѓу единиците, реализатори на студиската програма.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ                                                                                                               

На студиите за педагошка доквалификација можат да се запишат студенти кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус на ненаставнички факултети, односно на студии кои немаат наставна насока.

Со запишување на студиите студентот се стекнува со статус - студент на педагошка доквалификација.

  1. Уписот на студенти  се реализира двапати годишно (во септември и февруари).
  2. Предавањата и вежбите се изведуваат во текот на зимскиот, односно, летниот семестар.
  3. Педагошката практика (клиничка пракса) подразбира: следење на наставата на соодветните наставни предмети, како и запознавање со животот во училиштето и партиципирање во реализацијата на бројни активности кои се одвиваат во него. Студентите ќе ја изведуваат педагошката практика  во месеците октомври и ноември, т.е. март, април,  во времетраење од 45 денови или 225 часа, под водство на наставник-ментор, а според програма за педагошка пракса подготвена од професор-ментор и наставник-ментор. Студентот има обврска да води дневник за реализирани активности.
  4. Во текот на првите две седмици од месец декември студентите имаат обврска да реализираат 6 часа, од кои 3 часа-критички осврти на набљудувани наставни часови и 3 самостојно реализирани наставни часови под надзор на професор-ментор и наставник ментор.
  5. Полагањето на испитите се изведува во месец декември, односно, мај, за наставните предмети: психологија и педагогија, чие положување е услов за полагање на предметот методика,чие полагање е во зависност од претходно реализираната практична настава од 45 дена, т.е. по реализацијата на предвидените 6 наставни часови. Методика може да се полага во февруарската, јунската или септемвриската сесија,
  6. Полагањето на испите се изведува секој месец по  завршување на семестарот.

Потребни документи за студентите

Распоред за педагошка практика

Програма за педагошка практика

 

Задолжителни предмети

- Педагогија

- Психологија

- Методика

- Педагошка практика

- Изборен предмет 1

- Изборен предмет 2

 

Изборни предмети

- Училишна докимологија (проф. д-р Јове Димитрија Талевски, вонреден проф. д-р Виолета Јанушева)
- Училишна организација (проф. д-р Добри Петровски)

- Етика во образованието (проф. д-р Валентина Гулевска)
- Методика на воспитна работа (проф. д-р Татјана Атанасоска)
- Педагошка комуникација (проф. д-р Деан Илиев)
- Интеркултурно и мултикултурно образование (проф. д-р Златко Жоглев, доцент. д-р Гордана Стојаноска) 

RizVN Login