Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

КОНКУРС за запишување на кандидати за Педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) на Педагошки факултет-Битола во академската 2017/2018 година.

Се известуваат студентите од прва година дека министерството за здравство на Република Македонија, организира бесплатни систематски, општи и стоматолошки прегледи на студентите.
Прегледите започнуваат од 09.01.2018 Год. и ќе траат заклучно со 15.02.2018 год. во терминот од 08 до 18 часот.
напомена: прегледите се задолжителни за сите студенти од прва година студии. Без извршен систематски преглед нема да можат да заверат семестар!

Насоки за реализација на прегледите

Објавен е РАСПОРЕД на часовите ѕа летниот семестар од академската 20107-18 година.

Објавен е распоред на испити за студентите од ВТОР циклус на студии.

Се известуваат студентите дека пријавување на испити за јануарската испитна сесија ќе се одвива од 18 до 22 декември 2017 година. Испитната сесија ќе започне на 22 јануари 2018 година, според објавениот распоред.

Се известуваат студентите на ДОКВАЛИФИКАЦИЈА дека имаат право на полагање на задолжителните предмети во месец Декември 2017 година и тоа во следниве термини:

Психологија на 15. 12. 2017 (петок)
Педагогија на 20.12. 2017 (среда)
Методика на 25.12.2017 (понеделник)

Пријавите со уплатена административна такса се предаваат на предметните професори.
Изборните предмети ке се полагаат во термини договорени со професорите.
Оние кои нема да положат или не се подготвени да полагаат во декемврискиот ке имаат можност да се пријават во јануарскиот испитен рок

EPLUS.fw 

- Основни информации
- Е+ договори
- Прелиминарен повик Е+
- Прелиминарна пријава STUDENT
- Прелиминарна пријава STAFF

За повеќе прашања контактирајте го Еразмус Координаторот: доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска на е-маил k_bisera@yahoo.com или на 047/207-372

ijeTEACHER

subscribe to our youtube channel 2

 

 research gate