Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

matematikaВо четврток, 15 јули 2021 година во дворот на Педагошкиот факултет во Битола, со поdanielaчеток во 10 часот и триесет минути, ќе биде промовирана книгата „Математичка поезија“ од Даниела Андоновска-Трајковска, во издание на Центарот за култура и културолошки студии од Скопје. : Книгата ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга во 2020 година. На промоцијата ќе говорат Мишел Павловски, Гордана Стојаноска и Весна Мундишевска-Велјановска

 

Поднаслов: Книгата ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга во 2020 година. Издавач е Центарот за култура и културолошки студии од Скопје.

Во образложението за наградата „Стале Попов“ за „Математичка поезија“ се вели:

„Лирските мотиви во книгата се остварени низ една повеќеслојна поетска структура со математички признаци кои ја раскажуваат бескрајната приказна на човекот. Даниела Андоновска-Трајковска со вешт и едноставен поетски јазик анимира геометриски форми за да ги прикаже човечките слабости и доблести, т.е дека денес се живее само на една права и дека најчесто луѓето денес се темиња на триаголник кој цел живот се обидува да си ја задржи формата, дека времето е круг, а луѓето заточеници на своите остри агли, но таа ни ја предочува и нашата вистинска природа и ни ја покажува и линијата на животот и сфаќаме дека сме отсечки кои се продолжуваат на двата краја, дека рамнокракиот триаголник станува дом, а цел живот градиме прави агли по кои тече нашето време...“

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е поет, прозаист, уредник на списанија, книжевен критичар, промотор на книжевни дела, доктор на науки и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Акредитиран ментор е на докторски студии со објавени над 100 научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и на Битолскиот книжевен круг (БКК), на Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде е претседател на Уредувачкиот совет и на повеќе меѓународни професионални тела. Главен уредник е на списанието „Раст“ (БКК), уредник е и на списанијата „Современи дијалози“ (МНД) и „Книжевни елементи“. Ги има објавено поетските книги: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ (2019), збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019), две меѓународни публикации за водачи во образованието (2013) и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Преведена е на повеќе светски јазици  и добитник на неколку книжевни награди (Носиде, Италија (2011), Празник на липите (2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019) и Караманов (2019).

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar