Предавање на тема „Современиот преведувач и преведувачкиот софтвер: пријатели или не?“

На Педагошки факултет – Битола, на 10.12.2019, доцент д-р Соња Китановска-Кимовска, од Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Катедра за преведување и толкување, одржа свое предавање со наслов „Современиот преведувач и преведувачкиот софтвер: пријатели или не?“. Присутни на предавањето беа професори и студенти од студиските програми: Преведување од македонски на англиски јазик и обратно, и Англиски јазик и книжевност.

 

Интерен оглас за избор на демонстратори за академската 2019/20 година

Педагошки факултет - Битола објавува Интерен оглас за избор на демонстратори за академската 2019/20 година

Предавање на тема ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

На ден 25.11.2019 година на Педагошкиот факултет-Битола за студентите од сите студиски насоки беше одржано предавање на тема: „Емоционалната интелигенција-нова психолошка парадигма“.
Предавањето беше дел од серијата интердисциплинарни предавања кои се реализираат на Педагошкиот факултет-Битола, а се однесуваше на развојот на емоционалната интелигенција на студентите.
Посебен интерес кај студентите предизвика делот насловен како: „Емпатијата како интегрален дел од Големановиот концепт на емоционалната интелигенција“.
Предавањето го реализираше д-р Љупчо Кеверески, професор на Педагошкиот факултет во Битола и Национален координатор за емоционална интелигенција на Интернационалната асоцијација за емоционална интелигенција од Њујорк, САД. (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA).

Проф. Марија Ристевска гостин во Стара Загора

Во рамки на Erasmus + КА1 Teaching Program, проф. д-р Марија Ристевска одржа предавања на тема „Аутистичен спектар на нарушувања“ и „Нарушување на сензорната интеграција“ пред студентите и професорите од Педагошкиот факултет при Тракискиот Универзитет Стара Загора - Бугарија.

 

Работилница „Креирај едукативни активности за најмладите“

Дводневната работилница „Креирај едукативни активности за најмладите“ се одржа на 15 и 16 ноември 2019 година при што беа изготвувани дидактички и игровни едукативни материјали кои се поврзани со воспитно-образовни подрачја и во иднина ќе бидат поставени на националната веб-платформа.
Овој настан е во рамки на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации. Проф. д-р Татјана Атанасоска од Педагошкиот факултет-Битола учествуваше во изготвувањето на материјалите кои се од непроценливо значење за воспитно-образовната работа со предучилишните деца.


Работилница за книжевен превод

На 25.11.2019, на Педагошки факултет- Битола, се одржа работилница за специфичностите на книжевниот превод, по што тој се разликува од другите видови на превод и на што треба да се внимава кога се преведуваат книжевни дела. Работилницата беше реализирана од претставници на Здружението на преведувачи и толкувачи МАТА. Во рамките на работилницата, на присутните студенти и професори им беа претставени и критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите кои сакаат да учествуваат во натпреварот за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН којшто МАТА го организира во соработка со Делегацијата на Европската унија веќе шест години.

 

Зборник од Тркалезната маса „Образование, уметност, култура“

Објавено е електронското издание на Зборникот од Тркалезната маса „Образование, уметност, култура“, која се одржа на 5 окомври 2018 година, на Педагошкиот факултет - Битола, по повод пензионирањето на проф. м-р Мери Кавкалеска Стоилкова.